Веста е објавена откако Германија потврди дека ќе им стави на располагање 14 свои тенка „леопард 2“ на украинските сили.
Испраќањето американски тенкови во Украина го потврди американскиот претседател Бајден, кој на почетокот ја пофали Украина и кажа дека таа земја во изминатите 11 месеци „се соочува со вистински брутална руска агресија“.
Истакна дека тие тенкови ѝ се потребни на Украина за да ја „подобри својата способност за маневрирање на отворен терен“. Исто така додаде дека тие тенкови не се офанзива закана за Русија.
„Абрамс се најдобрите тенкови во светот, но во исто време се исклучително сложени за користење и одржување. Поради тоа на Украина ќе ѝ ги дадеме сите делови и опремата потребна за одржување на тие тенкови на боиштето“, кажа Бајден додавајќи дека ќе треба време за испорака на тенковите, но дека САД „ќе обезбедат украинските сили да бидат спремни за користење на тенковите“.
„Во секој момент од оваа ужасна војна американскиот народ силно ја поддржуваше Украина“, кажа Бајден и додаде дека утринава имал телефонски разговори со лидерите на Британија, Франција, Германија и Италија.
„Русија очекува дека (САД и европските сојузници) ќе се разединат“, кажа американскиот претседател. „Меѓутоа, ние целосно, сосема и темелно сме обединети“.
„Денешната објава покажува дека Соединетите Американски Држави и Европа продолжуваат да работат така под рака за да ѝ пружат поддршка на Украина, обединети во заедничките вредности и трајната поддршка на Украина“, порача Бајден.
Вашингтон не сакаше да ѝ испрати тенкови „абрамс“ на Украина, плашејќи се од ескалација на конфликтот со Русија, но мораше да постапи спротивно на ставот на Пентагон за да ја уверат Германија да ги испрати своите тенкови „леопард“, кои се посоодветни и полесни за користење.