САД ќе ги протераат странските студенти доколку наставата се одржува на далечина

Американската влада соопшти денеска дека нема да дозволи странските студенти да престојуваат во земјата во случај универзитетите на кои се запишани да одлучат новата академска година, т.е. есенскиот семестар да го започнат со онлајн настава.

Во тој случај, ќе се забрани влез за новите студенти, а оние што веќе се во САД ќе треба да ја напуштат земјата.

„Американската влада нема да ги одобри визите на студентите запишани во програми што на есен ќе се одвиваат исклучиво преку интернет и граничните службеници нема да им дозволат да влезат во територијата на САД“, соопшти Американската имиграциска и царинска полиција (ИЦЕ).

Што се однесува до странските студенти кои се веќе во Соединетите Држави, тие „ќе мора да ја напуштат земјата или да преземат други чекори и, на пример, да се запишат во високообразовна институција, каде што наставата ќе се одвива вообичаено за да го задржат својот легален статус“, објаснува ИЦЕ .

Мерката се однесува на носители на визата Ф1 за академски студии или М1 за професионален развој.

На почетокот на оваа година околу 1,2 милиони студенти, претежно од Кина, Индија и Јужна Кореја, ги добиле овие визи.

Како и остатокот од земјата, американските универзитети, кои бројат 5,5 проценти од странските студенти и во голема мера зависат од плаќање школарини, заради пандемија на новиот коронавирус во март ги затворија своите врати и се префрлија на онлајн настава.

Поради недостаток на вакцини, голем број универзитети, вклучувајќи го и престижниот колеџ Харвард или Смит, решија есенскиот семестар да го одржат исто така онлајн, па дури и за студентите кои живеат во кампусот.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе