САД ќе донираат 500 милиони дози Фајзер за сиромашните земји

САД ќе донираат 500 милиони дози од вакцината Фајзер, во вредност од 3,5 милијарди долари, за најсиромашните земји во светот, а Вашингтон ги повика и другите членки на Г7 да го следат овој тренд.

Фото: ЕПА

Досега најголемата донација од една земја е објавена во четвртокот, пред состанокот на претседателот Џо Бајден со лидерите на групата Г7 на западна Англија.

Петстотини милиони дози од вакцината се наменети за 100 најсиромашни земји во светот. Висок службеник на администрацијата на Бајден го опиша потегот како „голем чекор напред, кој ќе ги интензивира глобалните напори“, со цел „да донесе надеж насекаде на светот“.

„Навистина сакаме да нагласиме дека овде во основа се работи за единствената цел за спасување животи“, рече официјалното лице, додавајќи дека Вашингтон не барал контра услуги.

Администрацијата на Бајден очекува од другите членки на Г7 да донираат вакцини, како дел од сеопфатниот план за ставање крај на пандемијата на коронавирусот, рече официјалното лице.

Фајзер и Бјаонтек претходно соопштија дека ќе им продадат на САД 200 милиони дози во 2021 година и 300 милиони дози во првата половина на 2022 година. Овие вакцини ќе бидат наменети за сиромашните земји, а Фајзер вели дека ќе им ги продаде на САД без профит.

„Нашето партнерство со владата на САД ќе помогне за што побрза дистрибуција на стотици милиони дози на нашата вакцина во најсиромашните земји во светот“, рече извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

Добротворната организација Оксфам повика да се направи сè што е можно за да се зајакне глобалното производство на вакцини.

„Се разбира, тие 500 милиони дози се добредојдени затоа што ќе им помогнат на повеќе од 250 милиони луѓе, но тоа сепак е капка во морето во споредба со потребите на светот“, рече Нико Лусиани од одделот за вакцини на американскиот огранок на Оксфам .

„Потребна ни е трансформација кон повеќе дистрибуирано производство на вакцини, така што квалификувани производители ширум светот можат да произведат милијарди евтини дози под свои услови, без ограничувања на интелектуалната сопственост“, додаде тој.

Бајден го поддржа укинувањето на патентот за вакцини, но во моментов нема меѓународен консензус за ова прашање.

Новата донација се надоврзува на онаа што Вашингтон веќе ја вети дека ќе ја донира до крајот на јуни, 80 милиони дози на вакцини, и најавата дека ќе плати 2 милијарди долари за програмата Ковакс, координирана од Светската здравствена организација (СЗО) ) и Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ).

САД, исто така, презема чекори за поддршка на локалното производство на вакцини во други земји, вклучително и преку иницијативата Квад, со Јапонија, Индија и Австралија.

Најавата на Бајден за нова донација доаѓа во исто време со сè погласните повици до САД, кои веќе вакцинираа 64 проценти од населението со првата доза, да ги засилат донациите за други земји кои имаат очајна потреба од вакцината.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе