УСМЦА

САД, Канада и Мексико постигнаа нов трилатерален договор за слободна трговија

Соединетите Американски Држави и Канада официјално потврдија дека постигнале договор за „нов, модернизиран трговски договор“, кој треба да го замени договорот НАФТА од 1994 година.

Во заедничката изјава, двете земји објавија дека новиот трговски пакт ќе биде наречен УСМЦА (Договор на САД-Мексико-Канада). Договорот е постигнат во последен момент пред истекот на крајниот рок на полноќ по локално време.

„УСМЦА на нашите работници, земјоделците и компании ќе им обезбеди модерен договор кој ќе резултира со слободен пазар, фер трговија и посилен економски раст во нашиот регион“, се вели во заедничката изјава на САД и Канада, пренесе АФП.

„Тој ќе ја зајакне средната класа и ќе создаде добро платени работни места и нови можности за речиси половина милијарда луѓе кои Северна Америка ја нарекуваат свој дом“, се додава.

Американскиот претседател Доналд Трамп се зазеде за промена на НАФТА сметајќи дека САД се третираат неправедно. Разговорите се започнати пред повеќе од една година, а во последниве неколку месеци повеќепати беа во застој, САД и Мексико веќе постигнаа договор во август. Двете страни објавија дека нивниот билатерален договор ќе стапи во сила ако до крајниот рок од 1 октомври не се постигне договор со Канада.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе