САД, Јапонија и Јужна Кореја заеднички ќе преговараат со Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во петокот се состана со своите колеги од Јапонија и Јужна Кореја за да разговара за американската политика кон Северна Кореја и прашањето за безбедноста на Индо-Пацификот.

Фото: ЕПА

Саливан се состана со Шигеру Китамура, генерален секретар на јапонскиот оддел за национална безбедност и Сух Хун, шеф на канцеларијата за национална безбедност на Јужна Кореја.

Во соопштението од состанокот се вели дека лидерите изразиле „загриженост за нуклеарните и балистички програми на Северна Кореја и ја потврдија својата посветеност за решавање на овие прашања преку трилатерална соработка насочена кон денуклеаризација“.

Разговорите на Вашингтон со Пјонгјанг за нејзината нуклеарна програма не напредуваа од последниот самит меѓу тогашниот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Виетнам во февруари 2019 година.

Трилатералната средба се одржа пред самитот меѓу јапонскиот премиер Јошихиде Суга и американскиот претседател Џо Бајден на 16 април во Вашингтон, кој ќе се фокусира на Кина и Северна Кореја и соработката во Индо-Пацифичкиот регион. Тоа ќе биде прва средба меѓу двајцата лидери откако Бајден стана претседател на САД.

Кон средината на март, државниот секретар на САД Антони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин ги посетија Јапонија и Јужна Кореја за прв пат по стапувањето на функцијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе