САД ја признаа Анјес за привремена претседателка на Боливија, Моралес смета поинаку

Соединетите Американски Држави вчера ја признаа Дјанине Анјес за привремена претседателка на Боливија откако поранешниот претседател Ево Моралес поднесе оставка, иако тој самиот објави дека и понатаму е формален шеф на државата затоа што парламентот сè уште не му ја прифатил оставката.

„Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на боливиската сенаторка Дјанине Анјес да преземе привремено претседателство за да го води својот народ за време на оваа демократска транзиција“, објави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Со нетрпение очекуваме соработка со Организацијата на американските држави, уставните институции на Боливија и боливискиот народ додека тие се подготвуваат за одржување слободни, фер и што побрзи избори“, рече шефот на американската дипломатија.

„Ги повикуваме сите страни да ја заштитат демократијата во текот на следните недели и да се воздржат од насилство врз сограѓаните и нивниот имот“, заклучи тој во својата изјава.

Досега непозната Анјес е 52-годишна сенаторка од десницата, која се прогласи за претседателка и ја презеде должноста во вторникот.

Моралес, во егзил во Мексико, го прогласи тоа за „државен удар“. Тој објави дека сè уште е претседател затоа што парламентот не ја прифатил неговата оставка.

„Парламентот треба да ја одбие или прифати мојата оставка“, рече тој за дневниот весник Ел Паис, додавајќи дека е официјално на функција „сè додека тоа не се случи“.

„Таканареченото самопрогласување на Анјес е неуставно. Назначувањето на таа жена потврдува дека се работи за државен удар“, заклучи тој.

Поранешниот боливиски претседател го осуди американското признавање на Анјес, и на Твитер зборуваше за „политички и економски заговор кој доаѓа од САД“, пренесе Ројтерс.

Анјес вети „што е можно поскоро“ избори, пред 22 јануари 2020 година, а во средата започна со назначувањето на единаесет министри во својата влада.

Нејзиното назначување е поддржано од боливискиот уставен суд, пренесе Би-би-си.

Анјес е сенаторка од 2010 година и претходно била директорка на телевизијата Тоталвижн.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе