САД ја предупредија Кина за бродовите кои тајно превезуваат иранска нафта

Белата куќа ги предупреди кинеските превозници да не ги исклучуваат транспондерите на нивните бродови со цел да ги сокријат иранските пратки на нафта, што ги крши американските санкции, соопштија двајца високи претставници на американската администрација.

„Постојано испраќаме пораки до бродските компании да не го прават тоа и дека не вреди“, рече официјален претставник кој разговараше со Ројтерс под услов на анонимност.

„Тоа е крајно опасно и неодговорно однесување“.

Кина е најголемиот преостанат купувач на иранска нафта откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе санкции за главниот извозен производ на Техеран. Трамп во мај ги заостри санкциите, во обид целосно да ја запре иранската продажба на нафта.

Санкциите се насочени кон стопирање на иранските нуклеарни амбиции, балистичката ракетна програма и влијанието во Сирија, Ирак и други земји. Иранскиот извоз на нафта падна од околу 2,5 милиони на помалку од 400.000 барели на ден.

На 25 септември САД воведоа санкции за пет кинески поединци и две подружници на кинеската превозна корпорација КОСКО, тврдејќи дека ги прекршиле санкциите со транспортирање на иранска нафта.

Неколку дена подоцна, 14 бродови на КОСКО, што одговара на третина од нивната целокупна флота, престанаа да ги испраќаат нивните локации преку Автоматскиот систем за идентификација (АИС), помеѓу 30 септември и 7 октомври, според податоците на Реинитив Еикон.

Администрацијата во вторникот соопшти дека самостојно потврдила дека КОСКО го исклучува АИС на бродовите.

КОСКО Танкер за испорака (Далиан) во изјава преку е-маил рече дека ниту еден од нивните пловила не ги исклучиле нивните АИС контролери или престанал да емитува АИС сигнали.

„Далиан Танкер ќе продолжи да се придржува кон важечките закони и регулативи при вршењето на својата работа“, се вели од компанијата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе