САД ја отфрли Турција од програмата Ф-35 поради купувањето на рускиот ракетен систем

САД во средата објавија дека ја отстрануваат Турција од програмата Ф-35, во потег што се очекуваше откако Анкара минатата недела купи напреден руски ракетен систем за одбрана.

Првите делови од системот за противвоздушна одбрана С-400 полетаа од Москва во воената база Муртед северозападно од Анкара минатата недела, што Вашингтон неколку месеци се обидуваше да го спречи, објави Ројтерс.

„САД и другите партнери во програмата Ф-35 се сложни во одлуката да ја суспендираат Турција и официјално да ја отфрлат од програмата“, рече Елен Лорд потсекретарката на американското министерство за одбрана за набавки и одржливост.

Турското Министерство за надворешни работи изјави дека не е праведен потег и дека би можело да влијае на односите на двете земји.

Лорд изјави дека отстранувањето рече дека преместувањето на ланецот на набавки за напредниот борбен авион ќе ги чини САД помеѓу 500 и 600 милиони долари за неповратни инженерски трошоци.

Турција произведува повеќе од 900 делови за Ф-35, додаде таа, додавајќи дека ланецот на набавки ќе се префрли од турски на главно американски фабрики кога турските добавувачи ќе бидат отстранети.

„Турција за сигурно и за жал ќе изгуби работни места и идни економски можности со оваа одлука“, рече Лорд. „Нема веќе да добива 9 милијарди долари во проектираниот работен удел поврзан со Ф-35 во текот на опстојувањето на програмата“.

Ф-35 Стелт борбен авион е најнапредниот авион во американскиот арсенал и го користат НАТО и другите сојузници на САД.

Вашингтон е загрижен дека со распоредувањето на С-400 заедно со Ф-35 ќе ѝ овозможи на Русија да добие премногу информации за стелт системот на авионот.

„Ф-35 не може да коегзистира со руската платформа за собирање разузнавачки податоци што ќе се користи за да се откријат неговите напредни технологии“, се вели во изјавата на Белата куќа од средата.

Турското Министерство за надворешни работи го повика Вашингтон „да ја поправи грешката што може да предизвика непоправлива штета во односите меѓу двете земји“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост поради отстранувањето на Турција од програмата Ф-35, истовремнео нагласувајќи дека рускиот систем С-400 нема да може да биде интегриран во постојните системи на НАТО што Турција ги има на располагање.

Односите меѓу Турција и САД веќе подолго време се затегнати поради американската поддршка на курдските сили во Сирија кои Турција ги смета за непријатели.

Поради оваа причина, Пентагон веќе имал планови за исфрлање на Турција од програмата, што го покажа и со испраќањето на турските пилоти дома.

Турција ќе остане без 100 Ф-35 авиони што одлучи да ги купи.

САД веќе имаат планови за продажба на борбените авиони во пет други држави, вклучувајќи ја Романија, Грција и Полска, со цел зајакнување на сојузниците на источните граници на НАТО.

Заменик секретарот на американското министерство за одбрана за политика Дејвид Трахтенберг, изјави: „Нашето стратешко партнерство со Турција останува на сила. Ова е посебен одговор на посебна акција“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе