САД ја обвинуваат Русија за експериментирање со нуклеарно оружје

Соединетите Американски Држави сметаат дека Русија вршела експерименти со нуклеарно оружје што предизвикале ослободување атомска енергија.

Ова е соопштено во извештај на Стејт департментот што бил доставен во Конгресот.

Истовремено, Стејт департментот истакнал дека нема информација за тоа дека Русија вршела такви експерименти во 2019 година.

„Постои можност Русија да врши истражувања на тој начин што нуклеарната енергија се ослободува од контејнери за експлозив. Тоа предизвикува загриженост поради обврската на Русија околу известувањата во согласност со договорите“, соопшти американското министерство за надворешни работи.

Во документот се изразува и загриженост дека Москва можеби не ја почитува во целост обврската да го информира Вашингтон за нуклеарните експерименти во согласност со Договорот за ограничување на силите на подземните нуклеарни тестови од 1974, меѓу Советскиот Сојуз и САД.

Меѓутоа, САД не ја обвинуваат Русија за кршење на договорот.

Ставот на Стејт департментот е дека Москва треба да го информира Вашингтон за таквите експерименти, за Вашингтон да може да изврши верификација на тестовите во согласност со протоколот на договорот.

Руската страна засега не го коментираше спомнатиот извештај.

Со договорот меѓу Советскиот Сојуз и САД за ограничување на силите на подземните нуклеарни проби, кој беше потпишан во јули 1974 година, се ограничува прагот на моќта на подземните нуклеарни проби на до 150 килотони и се предвидува систем на заемна контрола, односно страните се обврзани со Договорот една друга да се информираат за експериментите.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе