САД ја обвини Кина дека анално ги тестирала нивните дипломати, Пекинг тврди дека била грешка

Официјален Пекинг вчера имаше несекојдневно соопштение. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на дневниот брифинг на новинарите кажа дека „Кина никогаш не барала од американските дипломати да се подвргнат на тестирање (за ковид-19) со анален брис“.

EPA-EFE

Вашингтон пост минатата недела извести дека неколку припадници на американскиот дипломатски персонал во Кина се пожалиле на Стејт департментот дека биле подложени на тестови за коронавирусот со анален брис. Кинеските лекари го сметаат овој метод на тестирање за попрецизен од брис од носот, односно со помалку лажно негативни резултати – и покрај тоа што таквиот брис, нормално, е понепријатен и поинвазивен.

„Стејт департментот никогаш не се согласил на ваков вид тестирање и испрати протест директно до министерството за надворешни работи (на Кина) кога дознавме дека дел од персоналот бил подложен на истиот“, откри портпаролот на американската дипломатија за порталот Вајс.

Особено е интересно тоа што американскиот портпарол кажал дека Пекинг го уверувал Вашингтон дека тестирањето е спроведено „по грешка“ и дека дипломатскиот персонал според прописите е изземен од аналното тестирање кое е задолжително за патниците при пристигнувањето во некои делови од Кина. Тоа би значело дека кинескиот портпарол во четвртокот лажел кога ги демантираше таквите тврдења.

„Го советувавме персоналот да го одбие овој тест доколку се побара да му се подложат, како што се случувало во минатото“, додаде американскиот портпарол.

Портпаролот исто така соопшти дека Вашингтон е „посветен на гарантирање на безбедноста на сите американски дипломати и нивните семејства и зачувување на нивното достоинство, во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи и другите релевантни дипломатски закони“.

Аналното тестирање е задолжително во некои кинески региони и за луѓето во карантин. Кинеската Национална здравствена комисија изјави дека во некои случаи коронавирусот може полесно да се детектира во анални примероци отколку во примероците на брис од нос и грло. Сепак, призна дека аналните брисеви не се погодни за масовно тестирање поради непријатноста и непопуларноста. Според инструкциите на кинеската комисија, аналните примероци се собираат со вметнување памучен брис три до пет сантиметри длабоко во ректумот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе