САД извршија воздушни напади врз талибанците за да му помогнат на Авганистан

САД извршија воздушни напади, со што ја поддржаа авганистанската влада која е под притисок од талибанците, додека странските сили, предводени од САД, се повлекуваат од земјата, објавено е во петокот.

Фото: ЕПА

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД во изминатите денови ги поддржале авганистанските безбедносни сили со воздушни напади, но не даде детали.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека во нападите што се случија во средата вечер на периферијата на градот Кандахар на југот на земјата, биле убиени тројца нивни борци и биле уништени две возила.

„Најостро ги осудуваме овие напади. САД го прекршија договорот од Доха. На нивните сили не им беше дозволено да дејствуваат после мај“, рече тој, повикувајќи се на договорот меѓу САД и талибанците што го отвора патот за повлекување на меѓународните сили од Авганистан.

„Доколку САД спроведат каква било операција, ќе бидат одговорни за последиците“.

Претседателот на САД, Џо Бајден, во април најави дека американската војска ќе се повлече до 11 септември, што ги налути талибанците, кои очекуваа странските сили да заминат до мај.

По одлуката на Бајден да се повлече нагло се зголеми насилството. Милитантите започнаа голема офанзива, окупираа окрузи и важни гранични премини и окупираа повеќе главни градови на провинции, вклучително и Кандахар.

Скоро сите американски трупи ја напуштија земјата, освен оние што го штитат дипломатското седиште во Кабул и аеродромот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе