САД извршија напад со дрон врз припадник на ИСИС во Авганистан

Американската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напад со дрон против „организаторите“ Исламска држава Хорасан (ИСИС-Х), што е прва официјална американска воена операција по неодамнешниот самоубиствен напад на групата на аеродромот во Кабул.

Фото: ЕПА

„Воздушниот напад со беспилотно летало се случи во авганистанската провинција Нангархар. Според првите информации, ние ја убивме целта“, рече Бил Јурбан од американската Централна воена команда.

Функционерот додаде дека според нивните информации, нема цивилни жртви и наведе дека ова е прв воздушен напад на американската армија по нападот врз аеродромот во Кабул, кој беше извршен во четвртокот.

Нападот врз американската армија се случи додека под строг надзор под строг надзор се одвиваше евакуацијата на аеродромот во Кабул.

Пред американскиот напад, Амбасадата на САД во Кабул побара од своите граѓани да го напуштат аеродромот.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во четвртокот на аеродромот, во кој загинаа 13 американски војници и неколку десетици цивили.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе