Поради „долговите и антиизраелската пристрасност“

САД излегуваат од УНЕСКО

Американскиот Стејт департмент потврди дека земјата официјално се повлекува од УНЕСКО, културното тело на ОН, во чие основање помогна во 1945 година. Овој потег ќе стапи во сила на 31 декември, објави Вашингтон.

„Оваа одлука не беше донесена лесно и ги одразува грижите на САД поради сè поголемите заостанати обврски во УНЕСКО, потребата за фундаментални реформи во организацијата и континуираната антиизраелска пристрасност на УНЕСКО“, се вели во денешната изјава на Стејт департментот, пренесе Ројтерс.

Вашингтон ќе остане во организацијата „како нечленка-набљудувач со цел да придонесе кон американските ставови, перспективи и експертиза“, се вели во соопштението.

Засега нема коментар од владата на САД.

Претходно, официјални претставници од Вашингтон за АП изјавија дека САД се повлекуваат од УНЕСКО, по постојаните критики за резолуциите што администрацијата на Трамп ги смета за антиизраелски.

Генералнaта директорка на УНЕСКО Ирина Бокова изјави дека добила официјално известување од државниот секретар Рекс Тилерсон, додавајќи дека изразила „длабоко жалење поради одлуката на Соединетите Американски Држави да се повлечат од УНЕСКО“.

Потегот на Вашингтон е „загуба за мултикултурализмот и семејството на ОН“, додаде таа.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе