САД испраќаат шест стратегиски бомбардери Б-52 во Индискиот Океан поради драматичниот раст на тензиите со Иран (ВИДЕО)

Американското воено воздухопловство испраќа шест стратегиски бомбардери Б-52 „стратофортрес“ на Диего Гарсија, тајна воена база во Индискиот Океан, среде порастот на тензиите по американското убиство на еден од водечките ирански генерали.

Бомбардерите ќе бидат „при рака за операции против Иран доколку има таква наредба“, јави денес Си-ен-ен, повикувајќи се на анонимен извор од американската влада, иако истакна дека испраќањето на бомбардерите „не значи дека таква операција е наредена“.

Разместувањето го јавија и набљудувачите на движењата на воените авиони, го забележале најмалку два бомбардери кои полетале од базата на американското воено воздухопловство Барксдејл во Луизијана.

Шесте бомбардери ќе им се придружат на речиси 4.000 американски трупи кои беа испратени во регионот од минатата недела, откако непријателствата со Иран кулминираа. По насилните демонстрации кај американската амбасада во Багдад, кои Вашингтон ги окарактеризира како „ирански напад“, САД извршија напад со дрон врз командантот на елитните ирански единици Кудс, генералот Касем Сулејмани во Багдад.

Иако САД упорно тврдат дека генералот бил одговорен за заговарање напади врз американските сили и интереси во регионот, Техеран инсистира дека елиминацијата на еден од водечките генерали, кој бил во дипломатска посета, е акт на „меѓународен тероризам“ и се заколна на одмазда.

Најновото разместување на американски бомбардери не е единственото, бидејќи во мај минатата година четири авиони Б-52 беа испратени во базата Ал удеид во Катар, исто така поради „заканата од Иран“.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе