САД: Ирански војници се на Крим, им помагаат на Русите

Ирански војници се на теренот на Крим и обучуваат руски војници како да управуваат со беспилотни летала, вклучително и оние што ги гаѓаа украинските позиции во последните денови, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Фото: ЕПА

Иако иранските трупи самите не управуваат со беспилотните летала, нивната техничка поддршка беше критична за руските војници кои не се запознаени со технологијата, рече Кирби. Постои релативно мал број Иранци кои помагаат на Крим, додаде тој.

„Фактот е следен - Техеран сега директно е ангажиран на терен и со обезбедување оружје што убива цивили и уништува цивилна инфраструктура во Украина“, рече тој, пренесе Политико.

Кирби исто така предупреди дека Русија најверојатно ќе добие уште испораки на беспилотни летала од Иран и дека Москва може да се обиде да набави „напредно конвенционално оружје, како што се ракетите земја-земја“, потврдувајќи го извештајот на Вашингтон пост од викендот.

Кирби рече дека руските мажи не треба да се борат во Украина, дека не треба да се согласат на тоа. „Многу од нив ја напуштија земјата, а некои храбро се спротивставуваат на напорите да бидат мобилизирани“, изјави Кирби за Си-ен-ен.

Откритието дека ирански војници се на Крим е нов извор на тензии меѓу САД и Иран, чие насилно задушување на протестите, предизвикани од смртта на жена уапсена во Техеран поради „несоодветна облека“, го осуди американскиот претседател Џо Бајден.

Кирби посочи дека САД во моментов не гледаат потреба од продолжување на преговорите со Иран во врска со обновувањето на иранскиот нуклеарен договор со шесте светски сили од 2015 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе