САД: Имаме цел, а не рок; Северна Кореја: Тогаш очекувајте божиќен подарок

Американскиот специјален претставник за Северна Кореја Стивен Биган го повика денес Пјонгјанг да се врати на разговорите, отфрлувајќи го едногодишниот рок поставен од лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, нагласувајќи ја подготвеноста на Вашингтон да разговара за „сите прашања од интерес".

Биган во неделата пристигна во Јужна Кореја воочи крајот на едногодишниот рок поставен од Пјонгјанг на САД, барајќи ублажување на ставот за замрзнатите преговори за денуклеаризација.

Во последните неколку недели тензиите се зголемени откако Пјонгјанг спроведе серија тестови и влезе во вербална војна со американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикувајќи загриженост дека двете страни може да се вратат на стартните позиции на отворено спротивставување.

Биган говорејќи на заедничка прес-конференција во Сеул со својот јужнокорејски колега Ли До-хун, рече дека САД немаат рок, но дека имаат цел и сакаат повторно да ги отворат преговорите.

„Време е да ги завршиме нашите работи. Ајде да го завршиме ова. Тука сме и знаете како да нè добиете“, рече тој, пренесе Си-ен-ен.

Биган рече дека најмалку корисно би било доколку Северна Кореја изврши голема воена провокација во блиска иднина.

Тој, исто така, изрази жал за серијата изјави на официјални лица од Северна Кореја во последните неколку недели, велејќи дека нивниот тон бил „толку непријателски и негативен и толку непотребен“.

„Но, не мора да биде вака. Сè уште не е доцна“, тврди Биган.

„Го понудивме било кој креативен начин да продолжиме со одржливи чекори и флексибилност во нашите преговори за да постигнеме балансирани договори што ги исполнуваат целите на обете страни“, рече тој.

Северна Кореја ѝ даде рок на САД до крајот на годината да предложат нов договор за денуклеаризација, кој исто така ќе вклучува значително олеснување на санкциите. Пјонгјанг изјави дека САД би можеле да очекуваат „божиќен подарок“ доколку не го исполнат тој рок.

Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се состанаа трипати и разговараа за нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, но напредокот е едвај забележителен.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе