САД имаат најмногу заразени во светот, се огласи Трамп: „Ќе имаме многу мртви“ (ВИДЕО)

Сите земји во Европа, како и секој ден, објавија нови податоци за заразените и умрените од коорнавирусот во последните 24 часа. Меѓу нив се и Италија и Шпанија, двете земји со најмногу заразени во Европа, додека трета е Германија која од првите две има дури околу 32.000 помалку заболени.

Во последните денови Шпанија бележи значителен пораст на заболените и умрените, па денес ја помина Италија како земја со најмногу заразени во Европа.

Шпанија денес пријави вкупно 124.736 заболени, додека Италија ги има 124.632, што е мала разлика. Италија повторно има најмногу смртни случаи, и тоа не само во Европа ттуку во светот. Додека во Шпанија починале 11.744 луѓе, во Италија починале 15.362.

Најмногу заболени во светот имаат САД, кои денес поминаа уште еден важен праг – повеќе од 300.000 заболени.

Тие според последните официјалн информации имаат 304.338 заразени, а умреле 8.276 луѓе.

Италија, Шпанија и САД заедно имаат околу половина милион заболени.

На редовна прес-конференција се огласи американскиот претседател Доналд Трамп. Тој кажа дека оваа и следната недела веројатно ќе бидат најтешки за САД и додаде дека ќе има многу смртни случаи.

Тој во обраќањето кажа дека бројот не мртвите може да се намали ако луѓето ги почитуваат мерките.

„Ќе има многу мртви, за жал. Ќе има смрт. Да се фокусираме на погодените региони“, кажа Трамп и додаде дека Белата куќа се бори за сите Американци и дека целата земја е заедно во ова.

Тој истакна дека наскоро на Американците со пандемијата ќе им помагаат и војниците, поголем број медицински работници и професионалци.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе