САД им замеруваат на ОН за посетата на Кина поради „репресијата на Ујгурите“

Владата на САД ѝ ја пренесе загриженоста на ОН поради патувањето на шефот на канцеларијата за борба против тероризмот и заменик-генералниот секретар Владимир Воронков во западна Кина.

Посетата на Воронков е во западниот дел на Кина, во немирниот регион Ксинџијанг со мнозинско муслиманско население.

Заменикот на американскиот државен секретар Џон Саливан преку телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во петокот ја оценил посетата на Воронков како „крајно несоодветна со оглед на репресивната, без преседан, кампања која е во тек во Ксинџијанг над Ујгурите, етничките Казаци, Киргизите и другите Муслимани“, објави АП.

Се наведува дека кинеското Министерство за надворешни работи потврдило дека Воронков престојува во Кина на покана од властите на земјата, без да наведе детали.

„Поконкретни информации ќе бидат навреме објавени“, рече портпаролот на министерството, Џенг Жуанг.

Кина се соочува со критики од странство поради логорите во Ксинџијанг, во кои според проценките, се наоѓаат милион Ујгури и припадници на други претежно муслимански етнички групи, наведе АП.

Се наведува дека кинеските власти ги опишуваат камповите како центри за стручна обука и велат дека тие се неопходни за да се спречи верски екстремизам.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе