САД им нудат отштета на семејствата на убиените Авганистанци во американскиот напад со дрон

Пентагон им понудил непозната сума на семејствата на 10-те авганистански цивили убиени во американскиот напад со дрон во август, неколку дена пред конечното повлекување на американските трупи од земјата.

EPA-EFE

Соопштено е дека Пентагон презел обврска, која вклучува „доброволна исплата од сочувство“, како и соработка со Стејт департментот за да се поддржат членовите на семејствата заинтересирани за преселување во САД.

Потсекретарот за одбранбена политика Колин Кал се сретнал онлајн со Стивен Квон, основачот и претседател на Нутришон енд еџукејшн интернешнал, хуманитарната организација за која работел Земари Ахмади кој беше убиен на 29 август во американскиот напад со дрон, соопшти доцна синоќа портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Ахмади и другите убиени во нападот се невини жртви и не се поврзани со Исламска држава – Хорасан или со заканите по американските трупи, кажа Кирби.

Во нападот со дрон беа убиени 10 цивили, вклучувајќи седум деца.

Пентагон претходно соопшти дека целта на тој напад бил бомбаш самоубиец на Исламска држава кој бил закана по американските сили на кабулскиот аеродром, во последната фаза од американското повлекување од Авганистан.

Меѓутоа, набрзо се појавија извештаи дека во нападот во квартот западно од аеродромот Хамис Карзаи се убиени цивили, главно деца.

Пентагон подоцна призна дека нападот бил „трагична грешка“.

Нападот се случи три дена откако бомбаш самоубиец на Исламска држава уби 13 американски војници и повеќе десетици авганистански цивили, кои се обидувале да го напуштат Авганистан по преземањето на власта на талибанците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе