„Безбедносните услови се непредвидливи“

САД им наложија на семејствата на вработените во амбасадата да ја напуштат Украина

Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави им наложи на семејствата на сите вработени Американци во амбасадата во Украина да ја напуштат земјата поради наводните стравувања од руска инвазија.

EPA-EFE

Стејт департментот синоќа, 23 јануари, на членовите на семејствата на службениците во американската амбасада во Киев им наложи дека мора да ја напуштат земјата.

Наведено е дека вработените, чии позиции не се витални за работата на амбасадата, можат да ја напуштат Украина на трошок на владата.

„Безбедносните услови, особено долж украинските граници, на Крим по руска окупација и источна Украина која е под контрола на Русија се непредвидливи и можат лесно да се влошат. Демонстрации кои повремено прераснуваат во насилство се одржуваат низ Украина вклучувајќи го Киев“, наведе Стејт департментот.

Овој потег следи поради зголемените тензии околу руските трупи на украинската граница кои не се намалија по разговорот во петокот меѓу државниот секретар на САД Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Женева.

Стејт департментот истакна дека амбасадата во Киев ќе остане отворена и дека оваа објава не претставува евакуација.

Упатството за патувања кои претходно ги повикуваше Американците да не патуваат во Украина поради ковид-19 и поради тензиите околу Русија, беше сменето синоќа во поостро предупредување.

„Не патувајте во Украина поради зголемените закани од руска воена акција и ковид-19, бидете особено претпазливи во Украина поради криминалот и граѓанските немири, во некои области ризикот е зголемен“, се наведува во предупредувањето на Стејт департментот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе