САД ѝ воведоа санкции на Русија и протераа десет дипломати

Американската влада почна дипломатска и финансиска офанзива против руски функционери и бизнис секторот, сметајќи ја Москва одговорна за серија акти, од сајбер напади до анексијата на Крим. Американската влада најави протерување десетмина дипломати од САД, како и санкции за повеќе организации и поединци во знак на одмазда за, меѓу другото, кибернетичките напади за кои ја обвинува Москва, соопшти Белата куќа.

EPA-EFE

Меѓу протерани дипломати има пет службеници на руската тајна служба, соопшти американската влада.

Џо Бајден го потпиша указот кој овозможува повторно казнување на Русија за да се „создадат стратегиски и економски последици ако продолжи или промовира ескалација со акции на меѓународна дестабилизација“, се наведува во соопштението.

„Администрацијата на Бајден беше јасна дека САД сакаат односи со Русија кои се стабилни и предвидливи“, се наведува. Во рамки на одредбата се санкционираат шест руски технолошки компании за поддржување на сајбер разузнавачките активности на Кремљ. Ова е одговор на големиот кибернетички напад во 2020 за кој администрацијата на Бајден ја обвини Русија.

Американското министерство за финансии санкционира 32 ентитети и лица обвинети дека се обиделе, во име на руската влада, „да влијаат врз претседателските избори во 2020 во Соединетите Американски Држави“, наведе Белата куќа.

„Во партнерство со Европската Унија, Канада, Британија и Австралија американската влада воведува санкции и за осум лица и ентитети поврзани со окупацијата и репресијата на Крим“.

Во врска со обвинувањата за наградите кои Русија наводно им ги нудела на талибанците за да ги напаѓаат американските или странските војници во Авганистан, Белата куќа засега не е решена и наведе дека „тој случај го расветлуваат дипломатски, воени и разузнавачки канали“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе