САД и талибанците потпишаа договор, Американците ја повлекуваат војската од Авганистан

САД и талибанците потпишаа мировен договор во Доха во кој Американците се обврзуваат да ги повлечат своите трупи од Авганистан. Америка и НАТО ги повлекуваат своите трупи по 18 години.

Авганистан е во воена состојба откако Американците започнаа да го бомбардираат како одговор на 11 септември 2001 година. Саботата е „монументален ден за Авганистан“, објави американската амбасада во Кабул на Твитер неколку часа пред потпишувањето на договорот со талибанските милитанти.

Среде подготовките за потпишување на договорот во Доха, главниот град на Катар, претставници на амбасадата истакнаа дека „станува збор за создавање мир и посветла заедничка иднина“.

„Со Авганистан сме“, напишаа тие.

Во пресрет на потпишувањето на договорот, талибанците во саботата им наредија на сите свои борци да се воздржат од какви било напади. „Денес, на сите талибански борци им е наредено да се воздржат од каков било напад... за доброто на нацијата“, за Ројтерс изјави Забилах Муџахид, портпарол на талибанците.

„Се надеваме дека САД ќе останат верни на своите ветувања од преговорите и мировниот договор“, рече тој.

Според договорот потпишан во Доха, талибанците сакаат ослободување на пет илјади борци од авганистанските затвори, но не се знае дали надлежните во Кабул на тоа ќе се согласат.

Пред потпишувањето на договорот, американската и авганистанската влада во саботата објавија заедничко соопштение по кое САД и НАТО ќе ги повлечат сите сили од Авганистан, под услов талибанците да ги исполнат своите обврски.

САД најпрво ќе ги намалат своите војници на 8,6 илјади во рамките на договорените 135 дена.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека договорот со талибанците е „вистински тест“ на обидот да се постигне траен мир во Авганистан, и дека минатата недела, со редукција на насилството, покажа дека екстремистите можат да бидат мирољубиви.

„Само што започнавме“, рече Помпео во Доха пред потпишувањето.

„Значително намалувањето на насилството ќе создаде услови за мир, а доколку го нема - услови за неуспех“.

Иако договорот предвидува постепено повлекување на странските сили, многумина очекуваат дека многу покомплицирани ќе бидат разговорите меѓу талибанците и Авганистанците.

Договорот во Доха, главниот град на Катар, го потпишаа американскиот специјален претставник Залмај Калилзад и талибанскиот политички шеф Абдул Гани Барадар.

Помпео, исто така, беше присутен, додека американскиот министер за одбрана Марк Еспер е во Кабул, посета за која експертите и официјалните лица велат дека има за цел да ги увери авганистанските власти за продолжување на американската посветеноста на земјата.

Еспер во Авганистан рече дека САД нема да се колебаат да го раскинат договорот доколку талибанците не ги исполнат своите ветувања, но рече дека има „значителен напредок“ кон крајот на најдолгата американска војна во историјата.

Европската унија го поздрави договорот меѓу САД и талибанците и заедничката изјава на САД и Авганистан како „важни први чекори“ кон трајно решение на конфликтот.

„Оваа можност за напредок не смее да се пропушти“, порача во соопштението првиот европски дипломат Хозеп Борел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така го поддржа договорот и заедничкото соопштение во саботата, велејќи: „Патот кон мирот е долг и тежок и мора да бидеме подготвени за проблеми... НАТО го поддржува тој мировен договор“.

Тој додаде дека НАТО е подготвен да ги намали своите сили во земјата, но дека во случај на влошување на ситуацијата, повторно може да го зголеми нивниот број.

За милиони Авганистанци, договорот претставува надеж за ставање крај на повеќегодишното крвопролевање.

Но, изгледите за мир остануваат неизвесни бидејќи следниот чекор е да се постигне договор со авганистанската влада.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе