САД ѝ се закануваат на Грција поради иранскиот танкер

САД ѝ ставија на знаење на владата во Атина дека сите обиди да му помогне на иранскиот танкер, кој плови кон грчките води, може да има последици.

Иранскиот танкер, кој пред повеќе од еден месец беше запленет во водите на Гибралтар, конечно во понеделникот исплови од пристаништето и се упати кон грчките води. Штом исплови танкерот со нафта, Техеран испрати порака до Вашингтон ни случајно да не се обидува да го пресретне или заплени пловилото.

Меѓутоа, САД денес ѝ се закануваат на Грција, кон чии води плови танкерот. „САД јасно ѝ ставија на знаење на владата во Атина дека сите напори да му помогне на иранскиот танкер што плови кон грчките води откако беше ослободен од Гибралтар ќе значат поддршка на оние што САД ги сметаат за терористи и може да имаат потенцијални кривични последици“.

Ова го изјави официјален претставник на Стејт департментот, кој рече дека Соединетите Држави ја пренеле својата „силна позиција“ до владата во Атина во врска со иранскиот танкер, за кој Вашингтон тврди дека носи нафта за Сирија.

Танкерот Адријан Дарија 1 исплови од пристаништето во Гибралтар доцна во неделата и податоците за следење на бродот покажуваат дека плови кон островот Каламата во јужна Грција.

Еден американски официјален претставник изјави дека танкерот со нафта ѝ помага на Исламската револуционерна гарда, која САД ја означија како терористичка организација.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе