Елизабет Руд, вршител на должност во американската амбасада во Русија, изјави дека САД поднеле сериозен предлог за разгледување, но не добиле „сериозен одговор“ од Русија, пренесува РИА.
Русија и САД размислуваа за договор со кој Грајнер, која се соочува со девет години затвор во Русија поради обвиненија за дрога, ќе се врати во САД во замена за осудениот руски дилер на оружје Виктор Бут.
Не е постигнат никаков договор во услови на зголемени тензии меѓу двете земји.
Двократната освојувачка на златни олимписки медали беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, кое во Русија е забрането, а на 4 август беше осудена на девет години затвор.