Бродовите се разминале на 50 метри

САД и Русија меѓусебно се обвинуваат за „блиска средба“ на воени бродови во Источно Кинеско Море

Москва и Вашингтон меѓусебно се обвинија за инцидент кој за малку денес ќе завршел со судир на нивни воени бродови во Источно Кинеско Море, а и двете земји се обвинија за опасно и непрофесионално однесување.

Руската Пацифичка флота соопшти дека УСС Чанселорсвил, крстосувач со наведувани проектили, поминал на 50 метри од рускиот разурнувач Адмирал Виноградов, при што рускиот брод бил приморан брзо да маневрира за да избегне судир, пренесуваат руските агенции.

Тие јавуваат дека руската Пацифичка флота соопштила дека инцидентот се случил денес наутро во источниот дел на Источното Кинеско Море кога група руски воени бродови пловела паралелно со борбена група на американската морнарица.

„Американскиот крстосувач Чанселорсвил нагло го смени курсот и се упати директно кон разурнувачот Адмирал Виноградов доаѓајќи на 50 метри од бродот“, се вели во соопштението.

„Преку интернационалната радио фреквенција беше испратен протест до командантите на американскиот брод кои беа предупредени за опасноста на таквите акции“, се додава.

Оваа верзија ја отфрли американската воена морнарица, која тврди дека рускиот брод бил „небезбеден и непрофесионален“.

„При операции во Филипинското Море, рускиот разурнувач направи небезбеден маневар кон УСС Чанселорсвил“, соопшти портпаролот на американската Седма флота командирот Клејтон Дос.

„Ваквата небезбедна акција го примора американскиот брод да се врати наназад и да маневрира за избегне судир“, додаде тој.

Дос ја окарактеризира руската оценка дека американскиот брод се однесувал опасно како „пропаганда“.

Инцидентот се случи неколку дена откако Вашингтон ја обвини Москва за небезбедно пресретнување на американски разузнавачки авион од страна на руски ловци во близина на Сирија.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе