САД и Русија го продолжија договорот за контрола на нуклеарното вооружување

Соединетите Американски Држави го продолжија вчера договорот Нов СТАРТ со Русија на пет години, објави шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

EPA-EFE

„Продолжувањето на Новиот СТАРТ обезбедува да имаме проверливи ограничувања за руските интерконтинентални балистички проектили, балистичките проектили лансирани од подморници и тешките бомбардери до 5 февруари 2026“, соопшти Блинкен.

Новата американска влада на претседателот Џо Бајден кажа минатиот месец дека ќе бара продолжување на тој договор.

Според договорот, САД и Русија смеат да имаат по 1.550 стратегиски нуклеарни боеви глави, 30 отсто помалку во однос на плафонот утврден во 2002.

Новиот СТАРТ го ограничува бројот на лансирни рампи и тешки бомбардери на 800, што е сосема доволно Земјата да се разурне неколку пати.

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша продолжувањето на Новиот СТАРТ во петокот.

„Владимир Путин го потпиша сојузниот закон за продолжување на договорот меѓу Русија и Соединетите Држави за мерките за намалување и ограничување на офанзивното стратегиско оружје“, соопшти Кремљ.

Договорот Нов СТАРТ е последниот билатерален договор кој ги обврзува двете водечки нуклеарни сили и дава надеж во подобрување на дијалогот меѓу Вашингтон и Москва една недела по доаѓањето на Бајден во Белата куќа, иако двете држави веќе предупредија дека цврсто ќе ги бранат своите интереси.

Преговорите за продолжувањето беа во застој за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во чиј мандат САД напуштија три други важни меѓународни договори: иранскиот нуклеарен договор, договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел и договорот Отворено небо кој овозможува проверка на воените движења.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе