САД и Русија доставија до ОН различни предлог-резолуции за Венецуела

САД претставија нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН, повикувајќи на доставување на меѓународната хуманитарна помош и на претседателски избори во Венецуела. Русија одговори со контрапредлог-резолуција.

Дипломати за Франс прес рекле дека сè уште нема датум за гласање за предлогот на САД и дека преговорите се во тек, но дека се очекува Русија да го искористи своето право на вето и да го поддржи владеењето на претседателот Николас Мадуро.

Американскиот текст, вели Франс прес, изразува „целосна поддршка на Националното собрание како единствена демократска институција во Венецуела“.

Претседателот на тоа тело, Хуан Гуаидо, се прогласи за привремен претседател на Венецуела, оспорувајќи го владеењето на Мадуро.

Нацрт-резолуцијата изразува „длабока загриженост за насилството и прекумерната употреба на сила од страна на венецуелските безбедносни сили против невооружени, мирни демонстранти“.

Се повикува на „итен почеток на политичкиот процес што ќе води до слободни, фер и веродостојни претседателски избори со меѓународни набљудувачи, во согласност со Уставот на Венецуела“.

Во резолуцијата се повикува генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да ја „искористи својата улога“ за да ги обезбеди тие избори.

Се истакнува и дека е неопходно „да се спречи понатамошното влошување на хуманитарната ситуација во Венецуела и да се забрзаат пристапот и испораката на помош за сите луѓе во Венецуела“.

Во петокот Москва одговори со своја предлог-резолуција, „изразувајќи загриженост за заканата врз територијалниот интегритет и политичката независност на Венецуела“.

Овој текст ги критикува „обидите за мешање во прашања што се внатрешно прашање на Венецуелците“.

Повикувајќи на мирно решавање на ситуацијата во Венецуела, руската резолуција дава поддршка за „сите иницијативи насочени кон постигнување политичко решение (...) преку искрен и инклузивен процес на национален дијалог“.

Според дипломатот со кој контактирал Франс прес, дури и ако на него ниедна сила не стави вето, тој нема да може да ги добие најмалку деветте неопходни гласа во Советот за безбедност на ОН.

Хуманитарна помош испратена од САД се наоѓа на границата меѓу Колумбија и Венецуела, но Мадуро одбива да ја пушти.

Во петокот Гуаидо рече дека е подготвен да ги преземе неопходните мерки, вклучувајќи и одобрување на американска воена интервенција, за да го собори Мадуро и да ја ублажи хуманитарната ситуација.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе