САД ѝ порачаа на Канада да се спреми за екстрадиција на директорката на Хуавеј

Соединетите Американски Држави ќе го почнат процесот на официјално екстрадирање на директорката на Хуавеј Менг Ванжу од Канада, соопшти канадскиот амбасадор во САД што е потег кој дополнително ќе ги влоши односите со Кина.

Во интервју за канадски Глоуб енд мејл, амбасадорот Дејвид Мекнотон пренесе дека САД ѝ најавиле на Канада дека бараат нејзина екстрадиција, но не кажа кога САД ќе го поднесат барањето. Рокот за барање за екстрадиција е 30 јануари, 60 дена откако Менг заврши во притвор на 1 декември во Ванкувер.

Менг, инаку ќерка на основачот на Хуавеј Рен Женгфеи, беше уапсена на барање на САД поради наводно кршење на американските санкции против Иран.

Беше ослободена со кауција минатиот месец, а на судот во Ванкувер треба да се појави на 6 февруари.

Односите на Кина и Канада се заладија по апсењето и Кина уапси двајца канадски државјани, а трет осуди на смртна казна поради шверц на дрога.

Кина во вторникот ги предупреди Канада и САД дека во случајот на Менг го злоупотребиле договорот за екстрадиција. Портпаролката на министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг на прес конференција побара од Канада да ја ослободи Менг.

„Секој кој чесно би проценил би дошол до заклучок дека Канада греши во своите постапки“, истакна портпаролката.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе