САД и Кина се препукуваат околу царините, Вол стрит паѓа

На Вол стрит вчера цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите се внимателни откако кон крајот на минатата недела Вашингтон најави царини на увозот на кинески производи, а Пекинг возврати со контрамерки.

Тоа е последица на стравувањата на инвеститорите од трговска војна бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп во петокот ја објави листата на која има над 800 кинески производи, вредни 50 милијарди долари, на кои од 6 јули ќе се наплаќа царина од 25 отсто.

Кина веднаш објави своја листа на американски производи во вредност од 50 милијарди долари на кои ќе наплаќа увозни царини од 25 отсто.

Од почетокот на мај двете земји одржаа неколку круга преговори во кои САД се обиде да го намали својот трговски дефицитт со Кина од 375 милијарди долари, но сѐ уште нема договор.

Меѓу најголемите губитници вчера беа акциите на компаниите кои најмногу извезуваат во Кина. Така цените на авионската компанија Боинг и произведувачот на тешка машинерија Катерпилар паднаа за речиси 1 отсто.

Под притисок се најде и секторот за произвоство на чипови бидејќи тие компании остваруваат значителни приходи во Кина. Остро падна и цената на акциите на Филип Морис, за 2,3 отсто, бидејќи тутунот е меѓу производите на кои Кина планира да наплаќа поголеми царини.

Најголемиот добитник вчера беше енергетскиот сектор, со раст на цените за просечно 1,1 отсто.

Тоа е прв раст на тој сектор во последните пет дена пад, како последица на растот на цената на нафтата поради шпекулациите дека ОПЕК на состанокот на крајот на оваа недела може да го зголеми производството за помало количество од очекуваното.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе