САД ѝ испраќаат на Украина оружје вредно 800 милиони долари (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден одржа денес прес-конференција на самитот на НАТО во Мадрид.

EPA-EFE

Бајден најави дека во следните денови ќе најави дополнителна помош од 800 милиони долари за оружје на Украина и истакна дека НАТО „ќе ја брани секоја педа од својата територија“.

„Ќе ја поддржуваме Украина колку што ќе биде потребно“, кажа Бајден па го истакна негативното влијание кое војната досега го има врз Русија: неможноста за отплаќање на надворешниот долг, губење на 15 години напредок на економијата, проблеми со одржувањето на производството на нафта и оружје поради санкциите.

„Русите плаќаат висока цена на војната, тоа го докажува и фактот што Украинците денес го зазедоа Змискиот Остров“, кажа Бајден. „Членот 5 го содржи принципот дека напад на една членка на НАТО е напад врз сите нив. Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“.

Додаде дека рускиот претседател Владимир Путин сакал да добие „финландизација на НАТО, а доби натоизација на Финска“.

„Ќе бидеме со Украина. Цело НАТО ќе биде со Украина додека е тоа потребно, за да обезбедиме дека Русија нема да ја порази. Украина веќе ѝ нанесе тешки удари на Русија, која го изгуби својот меѓународен статус. Русија е во позиција која цел свет ја гледа и вели „сиот тој труд, обид за заземање на цела земја, неуспешен обид за заземање на Киев, обид за заземање на Донбас кој уште не е успешен““.

„Не знам како ова ќе заврши, но нема да заврши со руска победа над Украина“, кажа американскиот претседател.

Тој се потсети и дека пред војната го предупредил Путин дека „ако ја нападне Украина, НАТО не само што ќе зајакне туку и ќе се обедини“.

Порача дека му кажал дека „демократиите низ светот ќе се обединат и ќе се спротивстават на руската агресија“.

„И токму тоа го гледаме денес тука“, заклучи Бајден додавајќи дека основната идеја на НАТО самитот во Мадрид е „заштита на светскиот поредок заснован на ред и правила“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе