За зајакнување на воените капацитети

САД ѝ испорачуваат три Блек Хок хеликоптери на Албанија

САД ќе ѝ испорачаат три Блек Хок хеликоптери на Албанија, со цел државата да ги зајакне своите воени капацитети, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Албанската министерка за одбрана Олта Џака која е во посета на САД, потпиша договор за оваа набавка со Националната гарда на Њу Џерси, пренесе Вашингтон пост.

Хеликоптерите се дел од пакет поддршката на САД за Албанија, која во 2009 година се приклучи на НАТО и го заменува застареното оружје со ново во согласност со стандардите на Алијансата.

Армијата на САД ќе ги обучува албанските пилоти и ќе ги одржува хеликоптерите, додека Албанија ќе плаќа годишен надоместок, износ кој не е обелоденет.

САД на Албанија ѝ обезбеди Хамви возила и оклопни возила отпорни на мини и напади од заседа (МРАП).

Албанија редовно обезбедува мали армиски единици во меѓународни мировни мисии или операции на НАТО.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе