САД и Иран разменија затвореници

САД и Иран разменија затвореници во саботата, при што секоја страна ослободи едно лице, редок случај на соработка меѓу двата долгогодишни непријатели чии односи уште повеќе се влошија откако претседателот Доналд Трамп стапи на должност.

Трамп рече дека американскиот државјанин Шиуи Вонг, кој бил затворен во Иран три години под обвинение за шпионажа, се враќа во САД.

Ирански службеник изјави дека иранскиот државјанин Масуд Солејмани е ослободен од американскиот затвор.

Швајцарија беше посредник во размената, а државната новинска агенција ИРНА соопшти дека министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го дочекал Солејмани во Цирих, каде се случила размената.

Трамп ѝ се заблагодари на швајцарската влада за помошта во преговорите за ослободување на Вонг, додавајќи дека ослободувањето на затворените Американци е од суштинско значење за негоавата администрација.

„Соединетите Американски Држави ќе продолжат напорно да работат се додека секој Американец погрешно притворен во Иран и ширум светот не го донесеме дома кај најблиските!“ напиша тој на Твитер.

Швајцарија ги претставува американските дипломатски интереси во Иран откако Вашингтон и Техеран ги прекинаа дипломатските односи уште во 1979 година по Исламската револуција во Иран, со која е воспоставен сегашниот ирански режим.

„Фатен за време на администрацијата на Обама (и покрај подарокот од 150 милијарди долари), вратен за време на администрацијата на Трамп. Им благодарам на Иран за фер преговорите. Гледате, можеме да заедно да се договориме“, напиша Трамп на Твитер.

Вонг бил докторант на Принстон и бил осуден поради шпионажа на 10 години во 2017 година.

Неговото семејство и универзитетот тврдат дека во Иран бил како истражувач во рамки на докторските студии.

Солејмани, експерт за матични клетки, бил уапсен на аеродромот во Чикаго во октомври 2018 година за наводен обид за извоз на биолошки материјал во Иран, со што ги прекршил америкаснките санкции врз Иран.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе