Ќе ги пренесе авион на американската војска

САД ѝ донираат 200 респиратори на Русија

Соединетите Држави ќе ѝ донираат 200 респиратори на Москва преку воен транспорт на американската армија, почнувајќи од следната недела, како помош во борбата против влошување на епидемијата на коронавирус во Русија, пренесува Гласот на Америка.

Во владината комуникација, до која дошол Гласот на Америка, се вели дека првите 50 респиратори, произведени во Калифорнија, ќе бидат подготвени за испорака во хируршки центар во Москва в среда. Останатите 150 респиратори ќе бидат подготвени за испорака до 26 мај.

Владата на САД донира 100 проценти од цената на респираторите, нивните компоненти за изработка и трошоците за испорака, за кои официјалните лица велат дека изнесуваат околу 4,7 милиони долари. 

Респираторите ќе ги превезе американски воен авион, што е оценето како „најдобра опција“ со оглед на екстремно ограничените комерцијални летови. Властите во комуникацијата потенцираат дека респираторите се наменети за граѓаните на Русија и дека тие не се сигнал за партнерство со руската армија.

„Нема соработка меѓу Соединетите Држави и руската армија, бидејќи таа е забранета преку Законот за национална одбрана“, се вели во комуникацијата.

Епидемијата на ковид-19 од неодамна е во пораст во Русија, која сега е втора заразена земја во светот, со над 272.000 случаи, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Само САД, со над 1,4 милиони случаи, имаат повеќе.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин ја прифати понудата на Трамп да му обезбеди респиратори за време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, чиј фокус беше на коронавирусот, како и на контролата на оружјето, објави Белата куќа.

Соединетите Држави испратија помош за борба против пандемијата на коронавирус во многу земји и ќе продолжат да го прават тоа, велат официјалните лица.

Во средата Русија ја прекина употребата на некои респиратори Авента-М од руско производство по фаталните пожари во Москва и Санкт Петербург, кои, наводно, биле предизвикани од овие уреди.

Русија во почетокот на април испрати контингент од ист вид респиратори во Соединетите Држави, со цел да се спречи проектираниот недостиг од респиратори во државите Њујорк и Њу Џерси.

Американските власти рекоа дека руските респиратори не се во употреба, ниту пак се распоредени по болници поради „израмнувањето“ на кривата на епидемијата во таа земја и дека државите ги вратиле респираторите во Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА).

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе