САД и Британија тврдат дека руски хакери се обидуваат да украдат информации за вакцината за корона

Руски хакери се обидуваат да ја украдат вакцината за ковид-19 и истражувањата за лекувањето на таа болест од академски и фармацевтски установи во светот, објави денес британскиот Национален центар за сајбербезбедност (НЦСЦ).

EPA-EFE

Во координирана изјава на Британија, САД и Канада нападите им се препишуваат на групата АПТ29, позната како „Коузи беар“, за која тврдат дека речиси сигурно работи за руските разузнавачки служби.

„Ги осудуваме и презираме нападите врз оние кои работат работа од животна важност во борбата против пандемијата на коронавирусот“, кажа Пол Чичестер, еден од шефовите на НЦСЦ.

Британскиот министер за надворешни работи Домик Раб изјави дека е „целосно неприфатливо“ работата против пандемијата да е мета на руските разузнавачки служби.

„Додека други безобѕирно се трудат да ги остварат своите себични интереси, Обединетото Кралство и сојузниците макотрпно работат на наоѓање вакцина и заштита на глобалното здравје“, истакна Рааб. Додаде дека Британија ќе соработува со сојузниците за извршителите да одговараат.

НСЦС соопшти дека нападите на групата се упорни и дека хакерите користат разни инструменти и техники, вклучувајќи таргетирани измами и лажни претставувања преку електронска пошта, како и штетни софтвери.

„АПТ29 веројатно ќе продолжи да ги напаѓа организациите вклучени во истражувањето и развојот на вакцината за ковид-19, барајќи одговори на дополнителни разузнавачки прашања околу пандемијата“, соопшти НЦСЦ.

Британија и САД во мај предупредија дека хакерски мрежи ги напаѓаат националните и меѓународните организации кои се борат со пандемијата на ковид-19, но таквите напади досега не беа конкретно поврзувани со Русија.

Се сомнева дека групата Коузи беар, наводно поврзана со руските власти, ја хакирала американската Демократска партија пред претседателските избори во 2016 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе