Контроверзна поддршка

САД го зајакнуваат военото присуство во Саудиска Арабија среде тензиите со Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги зајакне воените односи со Саудиска Арабија испраќајќи стотици војници во земјата, среде тензиите со Иран.

Се очекува 500 војници да отидат во воздухопловната база Принц Султан, која се наоѓа во пустината источно од саудиската престолнина Ријад, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.

Мал број војници и помошен персонал веќе се присутни, а објавени се и првични подготовки за батеријата на ракетниот систем „Патриот“, како и за подобрување на пистата и аеродромот, велат официјални претставници.

САД сакаат да стационираат војска таму веќе некое време, бидејќи според безбедносните проценки, иранските ракети тешко би погодиле цели на така оддалечена област.

Одлуката е донесена откако односите меѓу САД и Саудиска Арабија и понатаму се исклучително чувствителни поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Администрацијата на Трамп, сепак, соопшти дека е посветена на обидот да помогне во заштитата на Саудиска Арабија од иранска агресија.

Минатиот месец американската администрација соопшти дека ќе испрати уште 1.000 војници на Блискиот Исток во време кога тензиите во Иран се разгорија, но не специфицираше во кои земји тие ќе одат.

Силите што одат во Саудиска Арабија се дел од овој пакет.

Конгресот на САД не е официјално известен за распоредувањето, иако еден официјален претставник за Си-ен-ен изјави дека им е дадена неформална информација, а најавата се очекува следната недела.

Во соопштението до Конгресот ќе бидат дадени попрецизни детали за американските воени ангажмани во регионот кои веќе се јавно објавени.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе