САД го признаа геноцидот на Турција врз Ерменците, што ќе каже Ердоган?

Американскиот Сенат синоќа едногласно ја усвои резолуцијата со која се признава ерменскиот геноцид развеселувајќи ја Ерменија, но разгневувајќи ја Турција со потег кој дополнително ќе ги влоши односите на Анкара и Вашингтон.

Резолуцијата на крајот на октомври веќе ја изгласа Претставничкиот дом во кој мнозинството го имаат демократите. Но, необврзувачкиот текст претходно неколку пати во Сенатот го блокираа мнозинските републиканци, партиските сојузници на претседателот Доналд Трамп.

Вчера никој не се спротивстави на едногласното усвојување на резолуцијата која ја предложи демократот Боб Мендез.

„Среќен сум што резолуцијата е усвоена на време за преживеаните на геноцидот да видат дека Сенатот го призна тоа што го претрпеле“, изјави насолзениот сенатор.

Ерменскиот геноцид го признаваат триесеттина земји и историчарите. Спроед проценките, меѓу 1,2 и 1,5 милиони Ерменци биле убиени од единиците на османлиите меѓу 1915 и 1923 година.

Турција признава дека голем број Ерменци кои живееле во Османлиското царство биле убиени во судирите со војската за време на Првата светска војна, но не се сложува со бројот на настраданите и упорно негира дека убиствата биле систематски и дека станува збор за геноцид.

Кога Претставничкиот дом на 30 октомври со 405 од 435 гласови ја усвои резолуцијата, тоа ја разгневи Анкара која истакна дека тоа е „навреда“ и безвредна мерка.

Анкара вчера предупреди дека усвојувањето на резолуцијата „ја изложува на опасност иднината на односите меѓу Турција и Соединетите Држави“.

„Однесувањето на некои членови на амеирканскиот Конгрес им штети на турско-американските односи. Денес усвоената резолуција ги изложува на опасност билатералните односи“, напиша на Твитер директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун.

Од друга страна, ерменскиот премиер Никол Пачинијан оцени дека усвојувањето на резолуцијата е „победа на правдата и вистината“.

„Во име на ерменскиот народ му заблагодарувам на американскиот Конгрес“, напиша Пачинијан на Твитер.

Изгласаната резолуција е „храбар чекор кон превенција на идни геноциди“, додаде ерменскиот премиер.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе