САД го повлекуваат целиот дипломатски персонал од Венецуела

Соединетите Држави го повлекуваат комплетниот дипломатски персонал кој се наоѓа во нивната амбасада во Каракас поради влошувањето на кризата во Венецуела, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.

„Таа одлука е одраз на влошувањето на состојбата во Венецуела како и процената дека присуството на дипломатскиот персонал во американската амбасада стана ограничување за политиката на САД“, напиша Помпео на Твитер.

Тој не кажа кога точно дипломатите ќе бидат повлечени од амбасадата во Каракас.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро на 23 јануари објави прекин на дипломатските врски со Вашингтон, кој го призна опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на земјата, и нареди заминување на сите американски дипломати.

Сметајќи дека Мадуро нема легитимитет, Вашингтон одби да послуша но сепак ден подоцна го повлече целиот персонал кој не е неопходен и им советуваше на сите американски државјани во Венецуела да ја напуштат земјата.

Нови протести на повик на опозицијата се свикани за денес, кога во Венецуела повторно е неработен ден бидејќи во земјата и понатаму нема струја.

Националното собрание во кое доминира опозицијата вчера прогласи „состојба на тревога“ во Венецуела по 100 часа без струја.

И покрај делумното враќање на струјата во неколку кварта во Каракас, состојбата е и понатаму хаотична за поголемиот дел од населението.

Струја и понатаму има само на неколку места во Венецуела откако настана прекинот во снабдувањето во четвртокот, а претседателот Николас Мадуро за тоа ја обвини наводната саботажа на главната хидроцентрала во земјата со поддршка од САД.

Властите сѐ уште не објаснија зошто се случи прекинот на струјата и кога причината ќе биде отстранета.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе