САД го поддржаа, Русија го критикуваше извештајот за БиХ во Советот за безбедност

Соединетите Американски Држави го поддржаа, а Русија го критикуваше најновиот извештај кој Високиот претставник во БиХ Валентин Инцко денес го поднесе во Советот за безбедност на ОН за состојбата во Босна и Херцеговина.

EPA-EFE

„Ентитетите во Босна и Херцеговина немаат иднина надвор од државата“, изјави амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас Гринфилд. Таа му се заблагодари на Инцко за работата која ја врши во БиХ и му искажа поддршка.

Додаде дека ставот на САД за БиХ не е сменет и дека Вашингтон таа земја ја доживува како единствена и свртена кон евроатлантските интеграции.

„Посветени сме на тоа дека БиХ е демократска и независна држава со територијален интегритет“, истакна Томас Гринфилд. Според неа, еден од приоритетите на БиХ е борбата против корупцијата.

„Резултатот на таа корупција е што земјата ги губи талентираните млади луѓе кои одат во земји каде што имаат повеќе шанси“, кажа американската амбасадорка.

Како втора клучна пречка за БиХ ги наведе политичарите „кои се фокусираат на етнонационалните цели“.

Таа кажа и дека владата на Федерацијата БиХ би требало да биде формирана без одложување, како и дека е неопходно да се работи на унапредување на изборното законодавство.

Од друга страна, Русија го критикуваше извештајот на Високиот претставник Валентин Инцко во Советот за безбедност на ОН. Претставничката на Русија Ана Евстигнева изјави дека извештајот на Инцко не е избалансиран и дека не ја одразува вистинската ситуација во БиХ.

Според неа, Инцко информациите ги вадел од контекст, замерувајќи му што постои „тренд на негово зголемено мешање во прашања на терен“.

Сите проблеми, како што тврди Евстигнева, Инцко им ги припишал на Србите и Хрватите за да го оправда јакнењето на државните институции и да создаде „илузија“ за понатамошна потреба за останување на неговата канцеларија.

Таа смета дека Инцко на Советот за безбедносѕ му ја претставил својата визија на настаните, барајќи од него да престане да се однесува како да е над законите.

Таа побара од Советот за безбедност да го прочита извештајот кој го испратила Република Српска.

„Ситуацијата во БиХ е стабилна, не е закана за меѓународниот мир и безбедноста. Не подлегнуваме на паниката која вештачки ја крева Високиот претставник“, кажа Евстигнева.

Истакна дека „вистинска опасност претставуваат оние кои сакаат да се смени уставот на БиХ и да се укинат ентитетите“.

„Нема алтернатива на договорот и компромисот во БиХ. Ако има измени на Дејтон, тие мора да бидат резултат на договор на сите страни во БиХ. Обидите да се урне Дејтонскиот договор може да имаат сериозни последици по Балканот и Европа“, кажа руската претставничка во Советот за безбедност на ОН.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе