И ставот на ЕУ е против создавање турска држава

САД го отфрлија турското барање на Кипар да има две држави

Соединетите Американски Држави отфрлаат какво било решение на две држави за Кипар кое во последните денови го предлагаше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави денес функционерката на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд.

EPA-EFE

Таа во Конгресот на прашањето дали американската влада недвосмислено ја отфрла таквата опција одговори: „Да, апсолутно!“.

„Веруваме дека процесот кој го водат Кипарците може на Кипар да му донесе мир и стабилност“, додаде таа.

Ердоган за време на дводневната посета на северниот дел на Кипар кој речиси половина век е под окупација на Турција, кажа дека „трајно и одржливо решение може да биде единственото можно“ имајќи предвид дека на островот има „две одделни држави и два одделни народи“.

„Меѓународната заедница порано или подоцна ќе ја прифати оваа реалност“, кажа Ердоган пред прославата на 47-годишнината од инвазијата на Турција со која беше поделена островската држава.

Обединетите нации во 1964 испратија мировни трупи на Кипар, кои се сè уште таму, за да го прекинат конфликтот меѓу двете тамошни национални заедници. По пучот на поддржувачите на обединувањето на Кипар со Грција, Турција во 1974 година го окупираше северот на островот населен со турско малцинство и ја прогласи до ден денес меѓународно непризнатата „Турска Република Северен Кипар“.

Советот за безбедност на ОН во 1983 година усвои резолуција со која сецесијата на кипарските Турци беше оценета како нелегална.

Европската Унија, чија членка е Кипар, исто така ја исклучува можноста за создавање втора, турска држава на островот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе