САД го отфрлија планот на Јанша за менување на границите на Западен Балкан

САД соопштија дека се против распадот на Босна, по радикалниот предлог што масовно му се припишува на претстојното словенечко претседателство.

Фото: ЕПА

„Соединетите Држави длабоко го ценат своето долгогодишно партнерство со Босна и Херцеговина. Ние го поддржуваме нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, чие почитување беше внесено во Дејтонскиот мировен договор“, рече вчера портпаролот на Стејт департментот, повикувајќи се на мировниот договор од 1995 г. со кој заврши крвавиот етнички конфликт.

Истото го рече и хрватскиот министер за надворешни работи, Грлиќ Радман, еден ден порано.

Во дипломатските кругови нема сомнеж дека зад контроверзниот план стои популистичкиот премиер на Словенија, Јанез Јанша, кој во јули го презема симболичното претседателствување со ЕУ, вели ЕУобзервер.

Така верува и Босна, која неделава го повика словенечкиот амбасадор во Сараево да му се пожали.

Така веруваат и американските дипломати, зборувајќи неофицијално.

А така рекле и ЕУ-дипломатите за Нецензурирано, словенечкиот медиум што го објави неформалниот документ во целост.

Но, од своја страна, обично борбениот Јанша молчи - ниту ги потврдува ниту ги негира информациите - во екот на негативните реакции.

На прашањето на ЕУобсервер дали го испратил документот во Брисел, неговиот персонал одговорил: „Кабинетот на премиерот на Република Словенија не ја коментира понатаму темата на таканаречениот нон-пејпер документ за Западен Балкан“.

Неговата амбасада во ЕУ исто така одбила да даде коментар.

Но со оглед дека Брисел се подготвува за шестмесечни потенцијални контроверзии под претседателството на Јанша, еден словенечки портпарол се обиде да ја смири напнатоста, вели ЕУобзервер.

Прецртувањето на границите на етничките линии на Западен Балкан нашироко се гледа како рецепт за нова нестабилност.

Но словенечкиот портпарол рече: „Можам да ви кажам дека една од главните теми (на претседателството) ќе биде безбедна Европска Унија, добар и сигурен партнер во соседството и во светот“.

„Словенечкото претседателство ќе му посвети особено внимание на Западен Балкан и ќе го предводи Советот на ЕУ во насока на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе