Претседателот на Венецуела

САД го обвинија Мадуро за наркотероризам, нудат 15 милиони долари за негово апсење (ВИДЕО)

САД го обвинија претседателот на Венецуела Николас Мадуро за наркотероризам и нудат 15 милиони долари за информации кои би довеле до негово апсење, јавуваат агенциите.

Оваа одлука ја објави американскиот јавен обвинител Вилијам Бар.

Освен Мадуро, ти обвинија и други високи функционери во владата на Венецуела, а и за нивното апсење се нуди награда.

Вашингтон го поддржува Хуан Гуаидо кој минатата година самиот се прогласи за претседател.

„Народот на Венецуела заслужува транспарентна, одговорна и репрезентативна влада која му служи на својот народ и која не се плетка во шверц на наркотици“, порача американскиот Стејт депармент.

„Овие поединци ја прекршија јавната доверба со помагањето на испораките на наркотици од Венецуела, вклучувајќи ги и авионите кои полетувале од воени бази во земјата“, се додава во соопштението.

Министерството за информирање на Венецуела не одговори на барањата за коментар.

Бар ги обвини Мадуро и неговите соработници за заговор со дисидентската фракција на левичарската колумбиска герилска група ФАРК за да ги „преплават САД со кокаин“.

„Додека граѓаните на Венецуела патат, оваа група ги полни своите џебови“, кажа Бар за Мадуро и другите венецуелски функционери, вклучувајќи ги министерот за одбрана и претседателот на врховниот суд.

Ова обвинение е реткост кога станува збор за лица кои се актуелни претседатели на странски држави.

Некои функционери на американската влада сметаат дека Трамп е сѐ повеќе гневен дека неговата политика кон Венецуела не ги дава резултатите што тој ги сака, пишува Ројтерс.

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе