САД го критикуваат извештајот на ОН за убиството на моќниот ирански генерал

Соединетите Американски Држави вчера остро го критикуваа извештајот на експертите на Обединетите нации во кој се оценува дека убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американскиот напад во јануари било произволно и незаконско.

EPA-EFE

„Потребно е значително интелектуално непочитување за да се објави извештај во кој се осудуваат САД поради тоа што учествувале во законска одбрана, премолчувајќи го истовремено познатото минато на генералот Сулејмани, еден од најлошите меѓународни терористи“, изјави портпаролката на американската дипломатија Морган Ортагус.

„Овој тенденциозен и одвратен извештај ги поткопува човековите права аболирајќи ги терористите и уште еднаш покажува дека САД со право го напуштија Советот за човекови права на ОН“, додаде таа.

Во извештајот кој ОН во вторникот го испрати до медиумите, Агнес Каламар, специјалната известувачка за вонсудски егзекуции, или со произволни ликвидации, заклучува дека „постапувањето на САД било незаконско бидејќи постоела непосредна опасност за живот“, со што се крши Повелбата на ОН.

„Имајќи ги предвид доказите кои САД досега ги пружија, нападот врз генералот Сулејмани и загинувањето на луѓето во неговата придружба се произволно убиство за кое САД се одговорни според меѓународното хуманитарно право“, истакнува Каламар во својот извештај.

Експертката која има мандат во Советот за човекови права на ОН, но не настапува во име на Обединетите нации, треба денес да го поднесе извештајот во телото на ОН од кое САД излегоа во 2018.

Творецот на иранската блискоисточна стратегија, моќниот генерал Сулејмани, командантот на ирански Чувари на револуцијата задолжени за надворешните операции на Исламска Република Иран, беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад со дрон пред меѓународниот аеродром во Багдад, заедно со својот заменик, Ирачанецот Абу Мехди ал Мухандис, лидерот на проиранската паравојска во таа земја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе