САД ги затворија границите за оние што доаѓаат од Бразил

Белата куќа соопшти вчера дека го забранува влезот на странците во САД кои изминатите две недели престојувале во Бразил, два дена откако земјата стана второ светско жариште на коронавирус.

Фото: ЕПА

Портпаролката на Белата куќа Кејли Меканани изјави дека новите ограничувања ќе помогнат да се осигура странските државјани да не носат дополнителни инфекции во Соединетите Држави, но нема да важи за трговијата на двете земји.

Советникот за национална безбедност Роберт О’Браен претходно изјави за Си-би-ес дека се надева дека потегот ќе може да се преиспита во одреден момент.

„Се надеваме дека тоа ќе биде привремено, но заради ситуацијата во Бразил, ќе ги преземеме сите неопходни чекори да го заштитиме американскиот народ“, рече О’Браен.

Бразил по бројот на зарази со коронавирус се наоѓа на второто место зад Соединетите Држави.

Бројот на заразени со коронавирус во Бразил изнесува 363.211, а бројот на починати достигна 22.666, објави во неделата бразилското Министерство за здравство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе