САД ги тераат Русија и Кина да ја повлечат поддршката на Мадуро

Америка ги притиска Русија и Кина да ја повлечат својата поддршка на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, предупредувајќи дека руско воено присуство во таа земја би можело да придонесе на „странска интервенција“.

„Им порачуваме на Русија и Кина дека поддршката на режимот на Мадуро е недозволива“, кажа советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон во Лима на Меѓународната конференција за демократија во Венецуела.

„Ѝ повторуваме на Русија, а особено на оние кои ги контролираат нивните финансии: Немојте да го удвоите влогот на лош облог. А на Кина, која е веќе очајна во надоместувањето на финансиските загуби, дека најбрзиот пат до надомест е давање поддршка на новата легитимна влада“, кажа Болтон.

Тој повика на поцврста меѓународна реакција против Мадуро кого го обвини дека само се претвара дека учествува во преговорите со опозицијата за да си купи време. Тој кажа и дека американските власти можат на сите кои ја поддржуваат владата на Мадуро да им наметне санкции, вклучувајќи ги и странците.

„Им испраќаме сигнал на третите страни кои сакаат да соработуваат со режимот на Мадуро: постапувајте крајно внимателно“, предупреди Болтон. „Времето за дијалог е завршено. Време е за акција“, истакна тој.

На конференцијата учествуваа претставници на повеќе од 50 земји кои тврдат дека бараат решение на кризата во Венецуела, набрзо откако Вашингтон го замрзна целиот имот на венецуелската влада.

„Ќе обезбедиме Мадуро да нема начини самостојно финансиски да се одржува“, вети Болтон.

Досега најостриот потег на Трамповата администрација против Мадуро не само што им забранува на американските компании соработување со владата на Венецуела, туку и отвора можност за наметнување санкции на странските компании или поединци со кои соработуваат.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе