САД ги преместуваат своите 1.000 војници од северна Сирија во западен Ирак

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер вчера изјави дека се очекува сите американски војници кои се повлекуваат од северна Сирија да се преместат во западен Ирак за да ја продолжат борбата против милитантите на Исламската држава и да помогнат во одбраната на Ирак.

„Повлекувањето на САД од североисточна Сирија продолжува... Се работи за недели, а не за денови“, им рече Еспер на новинарите на пат кон Блискиот исток, пренесе Ројтерс.

„Сегашниот план е овие сили да се репозиционираат во западен Ирак“, рече Еспер, додавајќи дека се работи за околу илјада војници.

Тој додаде дека нивна задача ќе биде да помогнат во одбраната на Ирак и да ја продолжат мисијата против Исламската држава.

Еспер појасни дека ситуацијата е сè уште флуидна и плановите може да се променат.

Секоја одлука за испраќање дополнителни американски трупи во Ирак, најверојатно, ќе биде темелно разгледана во земјата во која Иран има сè поголемо влијание.

„Тоа е сегашен план. Работите може да се променат од сега до времето кога ќе го завршиме повлекувањето, но сега тоа е планот“, додаде високиот официјален претставник за одбрана.

Не е јасно дали американските сили ќе го користат Ирак како база за да извршуваат копнени напади во Сирија и да извршуваат воздушни напади врз милитантите на Исламската држава.

Дополнителните американски трупи ќе го зголемат бројот на 5.000 американски војници кои веќе се стационирани во земјата каде ги обучуваат ирачките сили, помагајќи милитантите на Исламска држава да не зајакнат повторно.

Иако Еспер изјави дека разговарал со својот ирачки колега и дека ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, тој потег веројатно некои во Ирак ќе го дочекаат со скепса.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе