САД ги открија плановите за Арктикот, сакаат да го спречат „агресивното однесување“ на Кина и Русија (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави го открија своите проширени планови за Арктикот за да го спречат „агресивното однесување“ на Кина и Русија во регионот богат со природни ресурси.

„Тој регион стана простор на кој се натпреваруваат светските сили“, кажа американскиот државен секретар Мајк Помпео во остриот говор во Рованиеми, на северот на Финска. „Тоа што Арктикот е дивина не значи дека таму не треба да има закони“.

Еден ден пред средбата на Арктичкиот совет во финскиот град шефот на американската дипломатија се нафрли на Пекинг и Москва.

„Агресивното однесување на Кина во другите делови од светот ќе ни даде насока за тоа како да се однесуваме кон Арктикот“, кажа Помпео.

Во конфузниот говор тој предупреди на можните негативни влијанија од растечкото кинеско влијание: должничкото ропство, корупцијата, недостигот од квалитетни инвестиции, милитаризацијата и бесрамното искористување на природните богатства.

„Сакаме ли Арктичкиот Океан да се претвори во ново Јужно Кинеско Море кое врие од воени активности на ривалските територијални тензии?“, праша Помпео.

За разлика од Вашингтон и Москва кои се членови на Арктичкиот совет, Пекинг има само статус на набљудувач во телото за регионално соработка.

Истакнувајќи дека речиси 1.450 километри ја делат најсеверната точка на Кина од поларниот круг, Помпео одби да му го признае на азискиот џин самопрогласениот статус на „речиси арктичка земја“.

„Постојат само арктички земји и тие надвор од Арктикот. Нема никаква трета група и тоа што Кина го зборува не ѝ дава право на што било“, кажа тој.

Бидејќи интензивно вложуваше во тој регион – речиси 90 милијарди долари меѓу 2012 и 2017, според Помпео, Пекинг сака да ја извлече најголемата можна корист од Северниот пат.

Поморскиот пат кој значително го скратува пловењето од Тихиот до Атлантскиот Океан минувајќи над Русија е сѐ поповолен за пловење поради топењето на мразот.

Кина и Русија сакаат тој да биде дел од таканаречениот Нов пат на свилата, големата кинеска инвестициска програма во инфраструктура која некои западни земји, пред сѐ САД, гледаат желба за превласт.

Помпео го критикуваше и „провокативното однесување“ на Русија на која ѝ префрла дека повторно го милитаризира регионот.

„Русија веќе остава во снегот траги од своите чизми“, кажа тој.

Москва на поттик на претседателот Владимир Путин го зајакнува военото присуство во регионот отворајќи неколку бази кои по распадот на СССР беа напуштени.

Пентагон на барање на Конгресот треба до 1 јуни да донесе нова воена стратегија за Арктикот.

Помпео дури ја пофали својата земја како „светски лидер во заштитата на животната средина“, вклучувајќи го и Арктикот.

Испуштањето на јаглерод диоксидот во САД треба до 2025 година да се намали „повеќе отколку во која било друга арктичка земја“, заклучи американскиот државен секретар.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе