САД ги обвинија руските сили за убиство на 10 цивили кои стоеле во ред за леб (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Руските сили убиле 10 луѓе кои стоеле во ред за леб во северниот украински град Чернихив, соопшти американската амбасада во Киев, пренесе Гардијан.

Фото: скриншот

Нападот се случил утрово додека група луѓе чекале леб во Чернихив, град кој постојано е гранатиран во текот на минатата недела.

Видеото геолоцирано од Си-ен-ен потврди дека граната или ракета погодила група луѓе во средата наутро, додека локален репортер од местото на настанот изјавил дека најмалку 10 луѓе биле убиени во нападот.

„Руските окупатори денеска нападнаа луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернихив, убивајќи најмалку десет од нив“, пишува Суспилне њуз.

„Руските трупи гаѓаа луѓе кои стоеја во ред за леб во станбена зона. Дописник од местото на настанот јави дека гранатирањето се случи на 16 март околу 10 часот. Најмалку десет цивили ги загубија животите“, се додава.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе