Ќе разменат амбасадори

САД ги обновуваат односите со Белорусија по повеќе од десет години

Соединетите Американски Држави ќе разменат амбасадори со Белорусија и ќе ги обноват односите по повеќе од една деценија, изјави американскиот заменик државен секретар за политички прашања Дејвид Хејл.

Белорусија за време на 25-годишното владеење на претседателот Лукашенко одржувала блиски односи со Москва и собирала меѓународни критики за кршењето на човековите права.

Хејл е во дводневна посета на Минск, а најавата за обновување на односите меѓу САД и Белорусија го опиша како „историски момент“.

„Повторувам дека со нормализирање на нашите односи, не бараме од Белорусија да избира меѓу исток и запад“, рече Хејл.

Поранешната советска република е најблискиот сојузник на Русија во Европа.

САД воведоа санкции за Лукашенко по претседателските избори во 2006 година, бидејќи, наводно, бил вмешан во „кршење на човековите права поврзани со политичка репресија“.

Кога САД во 2008 година ги засилија санкциите, Белорусија го протера амбасадорот на САД.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе