Против ковид-19

САД фрлија 15 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон во отпад

Во американскиот град Балтимор околу 15 милиони дози од вакцината против коронавирусот од фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон мораа да бидат исфрлени поради мешање на компонентите во производствениот погон.

Фото: ЕПА

Според Њујорк тајмс, дистрибуцијата на милиони дози на вакцината на Џонсон и Џонсон е запрена поради мешањето на компонентите на оваа вакцина против ковид-19 во погонот во кој се произведуваат тие вакцини и оние на производителот Астра зенека.

Од таа причина, околу 15 милиони дози вакцини завршија во отпад, додека Администрацијата за храна и лекови (ФДА) покрена истрага за овој случај.

Вакцината на Џонсон и Џонсон, која се дава во една доза, се очекуваше да го забрза процесот на вакцинација во таа држава.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе