САД еднострано прогласија повторно воведување на санкции на ОН на Иран

Соединетите Американски Држави синоќа еднострано прогласија дека санкциите на ОН за Иран се повторно на сила и најавија дека ќе ги казнат сите што ќе ги прекршат, изложувајќи се на опасност од уште поголема меѓународна изолација, но и поттикнување тензии во светот.

Фото: ЕПА

„Денес, САД го поздравуваат враќањето на скоро сите санкции на ОН на Исламската Република Иран, кои претходно беа укинати“, рече државниот секретар Мајк Помпео во изјавата во саботата.

Според него, овие казнени мерки, предвидени со Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ООН, „повторно се на сила“ од недела во 2 часот по средноевропско време.

„Практично сите санкции на ОН се вратени на Иран, водечки државен спонзор на тероризам и антисемитизам. Ова вклучува трајно продолжување на ембаргото за оружје. Ова е одлична вест за мирот во регионот!“, напиша Помпео на Твитер.

Владата на Доналд Трамп јасно се заканува со воведување на таканаречени придружни санкции за казнување на земја или субјект што ги крши санкциите на ООН, дури и ако е меѓу ретките во светот што смета дека тие се на сила. Тоа е многу опасно средство: прекршителите идентификувани од Вашингтон ќе имаат забрана за пристап до американскиот пазар и финансискиот систем.

„Доколку земјите-членки на ОН не ги исполнат своите обврски во спроведувањето на овие санкции, САД се подготвени да употребат свои алатки за казнување на прекршителите“, предупреди Мајк Помпео. Тој најави дека „овие денови“ ќе објави американски „мерки“ против „оние што ги кршат санкциите на ОН“.

Шест недели пред претседателските избори на кои сака да освои втор мандат, претседателот Трамп може да ги објави мерките во својот говор што ќе го одржи пред Генералното собрание на ОН во вторник.

Но, Вашингтон е сам против сите: другите суперсили, Русија, Кина и европските сојузници ги оспоруваат.

„Секоја одлука или мерка донесена заради повторно воведување на ‘санкции’ нема да има никаков правен ефект“, однапред се оградија Франција, Велика Британија и Германија во заедничко писмо до Советот за безбедност во петокот, чија копија добила агенцијата Франс Прес.

Самите Американци се „свесни дека ова е лажна изјава“ и „пропаганден трик“, тврди и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Тој порача дека американскиот потег нема правна основа затоа што САД во 2018 година се повлекоа од договорот за ограничување на иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година, и повеќе не можат да се повикуваат на Резолуцијата 2231 на ОН, со која Советот го поддржуваше тој договор и пропишуваше санкции во случај на повреда.

Ова мислење го делат 13 од 15 членки на Советот за безбедност на ООН.

„Ништо нема да се случи“, предвидува дипломат на ООН. „Тоа е како да го стиснете чкрапалото, а куршумот да не излезе од цевката“.

Друг дипломат жали за „едностраната“ одлука: „Русија и Кина со задоволство набљудуваат, грицкаат пуканки, како се поделени Европејците и Американците“.

Но, ако САД ја остварат својата закана за придружни санкции, ескалацијата може да продолжи.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во саботата пред Советот за безбедност на ООН изјави дека не може да преземе никакви активности врз основа на најавата на САД, бидејќи „се чини дека постојат нејаснотии“.

„Не е на генералниот секретар да се однесува како да нема такви нејаснотии“, напиша тој во писмото до Советот за безбедност. Погонот на ОН обезбедува административна и техничка поддршка на Советот за безбедност при спроведување на режимот на санкции.

Гутереш напиша дека нема да пружи таква поддршка се додека не се расчисти статусот на санкции против Иран.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе